Со регистрирање се согласувате на правилата и условите за користење на ТДХОСТ и му давате дозвола на тимот на ТДХОСТ да прави промени на истите. Условите и правилата за користење стапуваат на сила во моментот кога се објавени на сервисот.
Наша цел е објавување на точни информации. Доколку со користење на сервисот наидете на неточна, непристојна или навредлива содржина последиците ги сносите Вие и се согласувате дека ТДХОСТ во никој случај или под никакви услови не е одговорен за тоа.
ТДХОСТ не ги чува податоците кои се однесуваат на вашата платежна картичка. За тоа е задолжен CaSys и банката кои се одговорни за процесирање на трансакциите.
Тимот на ТДХОСТ има право да ви забрани делови од сервисот или комплетно да ве отстрани доколку не се придржувате на правилата и условите за користење.
За валидноста на внесените информации при регистрација сте одговорни вие. Во процесот на извршување на услугите ТДХОСТ ќе се повикува на истите без задолжение истите да ги проверува.
За податоците прикачени и објавени на хостинг пакетите одговорни се самите сопственици и во случај на губење на истите ТДХОСТ не сносува никаква одговорност и не одговара правно.
Услугите кои ги нуди ТДХОСТ не можат да се препродаваат или најмуваат на трети лица без претходна согласност од ТДХОСТ
ТДХОСТ го задржува правото да врши серверски модификации, надоградби и измени на споделените сервери како и миграција на кориснички сметки од еден на друг сервер без претходно известување.
За било каков настанат проблем или штета на вашата компанија поради нефункционирање на услугите, ТДХОСТ не превзема никаква одговорност и не одговара правно.
ТДХОСТ не одговара за сликите и податоците кои се објавени од корисниците на хостинг просторот од корисниците на ТДХОСТ.
Корисникот се согласува да не користи прекумерни количини на ресурси. Секое прекршување може да резултира во преземање корективни мерки за да ја одржиме стабилноста на серверот со убивање на сите процеси, оневозможување и/или суспендирање на вашиот хостинг акаунт.
Корисникот не смее да користи 50% или повеќе од достапните системски ресурси (процесорот или меморијата) подолго од 30 секунди или повеќе од 2% CPU дневно и 3% меморија дневно. Корисникот не може да работи повеќе од 10 симултани процеси по корисник или да дозволи секој процес да работи подолго од 30 CPU/секунди или да изврши било кој процес кој троши повеќе од 32MB меморија. Базите на податоци се ограничени на 16 врски по корисник максимум.
Cron Jobs не смеат да се вршат повеќе од еднаш на секои 30 минути, освен ако во договор со тимот на ТДХОСТ не е договорено поразлично ограничување.
Строго е забранета злоупотреба на мејл услугите, користење на истите за праќање групни мејл пораки, праќање СПАМ пораки, праќање нјузлетери и слично. Доколку имате потреба од такви услуги контактирајте нѐ на it@t-dynamics.com за да добиете соодветна понуда.
Доколку тимот на ТДХОСТ утврди дека некој хостинг акаунт повеќе не може да опстојува на заеднички хостинг пакет ќе побара и очекува клиентот во рок од најмногу 7 дена или да ги префрли своите податоци на некое од алтернативните хостинг решенија од ТДХОСТ.
Во случај на инфицирани датотеки на хостинг просторот на клиентот, ТДХОСТ има право да го суспендира хостинг акаунтот кој ги содржи истите, да ги избрише трајно инфицираните датотеки, а во некои случаи и целосно да го избрише хостинг просторот со цел комплетно отстранување на инфицираните датотеки без претходно известување.
Се додека заразениот хостинг не биде целосно исчистен ТДХОСТ има право да го држи суспендиран.
Доколку проблемот со вируси или праќање на СПАМ пораки по вина на корисникот или поради заразени податоци континуирано се повторува и покрај посочените замерки од страна на ТДХОСТ, ТДХОСТ го задржува правото трајно да го исклучи хостингот без притоа да одговара правно за тоа.
ТДХОСТ го задржува правото на можност во секое време доколку смета дека корисникот ги нарушува условите на користење на хостинг услугите трајно да ја прекине соработката со кориснкот обезбедувајќу му на корисникот последен целосен бекап од неговиот хостинг и рефундирање на дел од средствата.
Пристап или промена на податоци за најава на портал или хостинг корисникот може да побара само по пат на мејл од мејл адресата со која е закупена услугата или со отварање на тикет на проталот на ТДХОСТ.
ТДХОСТ го задржува правото на можност во секое време да ги промени условите на користење.
За статусот на услугите одговара корисникот. Доколку сметате дека некоја услуга не ви е достапна иако имате право на истата потребно е да не известите на мејл адресата it@t-dynamics.com во најбрз можен рок.
ТДХОСТ не сноси никаква одговорност за недоставување или ненавремено доставување на мејл пораките. Ваша одговорност е да ги искористите сите возможни алатки како и личен контакт на примачот за да се осигурате дека мејл пораката е успешно доставена.